Вести Економија Топ вести

Две третини од граѓаните не можат да платат сметки за струја, летно време се ладат во автобусите и трговските центри

Исчезна субвенциите за струја. Процентот кој беше испишан во фактурите од април повеќе го нема. Од претходната владина гарнитура тврдеа дека оваа бројка покажува колку државата покрива од трошокот за електрична енергија на домаќинствата.  Овие пари со одлука на Влада му се префрлаа на ЕСМ и тоа дирекно од буџетот кој го полнат граѓаните и фирмите, но се нарекуваа субвенции.

Првично во сметките пишуваше дека владината поддршка е 92 отсто, но потоа процентот  се намали на 84,  за сега целосно да ја снема поддршката.

Па реално би било некорекно на граѓаните да им се кажува дека има субвенција кога цената на ЕСМ е 57 евра, а цените на пазарот има денови кога се и 20 и 30 евра. Едноставно случувањата на пазарот се такви да во најголем дел од изминатите два до три месеци цената е 60 и 70 евра, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика

Но, се уште домашната струја е поскапа од онаа на берзите. Поради тоа доста мали фирми од регулиран пребегаа на отворен пазар и од таму се снабдуваат.

Според , анализите две тритини од граѓаните се во енергетска сиромаштија. Но, дали ќе има некаков вид поддршка за електрична енергија ќе зависи од политиките на новата Влада.

Примателите на гарантиран минимален приход добиваат субвенција за струја само во зимските месеци, меѓутоа во летните месеци веројатно останува да се ладат во ЈСП автобусите во Скопје или во моловите. Тоа се единствените климатизирани места каде што можат бесплатно да се оладат, Биљана Дуковска,  платформа за сиромаштија

Во меѓувреме се крои нова цена на струјата. Овој пат ќе се носи само за потрошената електрична енергија, но не и за мрежарината. Се прават и анализи дали има простор домаќинствата да добијат повеќе од два часа дневна евтина тарифа.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе