Жозе Мурињо вечерва и официјално беше промовиран во нов тренер на Фенербахче. На презентацијата, што се одржа на стадионот „Улкер“ беа присутни илјадници навивачи на турскиот гигант.
Искусниот стратег синоќа потпиша договор со Фенербахче на две години и доаѓа на клупата на местото на Исмаил Картал под чие водство тимот заврши на второто место зад Галатасарај во турската лига иако освои 99 бодови.
„Ви ветувам дека од овој момент па натаму, му припаѓам на вашето семејство. Овој дрес е мојата нова кожа. Фудбалот е пасија и не постои подобро место да се почувствува таа пасија“, рече Португалецот на презентација.
Последниот ангажман на Мурињо беше во Рома, каде беше отпуштен во јануари годинава. Тој ќе има за задача да го врати шампионскиот сјај на Фенербахче, бидејќи овој клуб не ја освоил титулата во Турција уште од сезоната 2013/2014.
L’accueil des supporters de Fenerbahçe à José Mourinho. 🤯💛💙 pic.twitter.com/syIuNs18YU
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 2, 2024