Вести Македонија Топ вести

(живо)Демири во ВИН ВИН: Додека не се изгласа нов министер за здравство, јас нема да присуствувам на седници на парламентот, бидејќи моето место е тука

Илир Демири, министерот з здравство во техничката влада, на кого во вторникот му беше верификуван и патеничкиот мандат вечерва е гостин во емисијата ВИН ВИН на Телма.

„Јас влегов како технички министер знаев дека надлежностите се многу ограничени согласно законот. Сакам да се жртвувам за да има континуитет пред изборите, за време на изборите и кога ќе се формира новата влада ќе се повлечам и ќе бидам пратеник“, рече Демири.

„Суштината е следна од денот кога ми е верификуван мандатот, од тој ден сите нормативни акти ги потпишува мојата заменичка. Не е фер некои прашања кои се многу жешки, како што е проблемот со кардиохирургија, со нефункционирање на компресорската станица, јас да и ги предадам на мојата заменичка“, дециден е министерот.

Тој потсети дека директорот на Кардиохирургија, Шокаровски, е разрешен пред да му биде верификуван пратеничкиот мандат.

„Додека не завршат проблемите во здравство и додека не се изгласа нов министер, јас нема да присуствувам на седници на парламентот, бидејќи сега моето место е тука и јас се уште сум технички мистер во техничка влада која треба да ги решава овие проблеми. Како ќе се чувствуваат граѓаните ако сега си заминам. Јас продолжувам максимално да се ангажирам за да има континуитет во здравството“, дециден е министерот Илир Демири.

Елисијата може да ја следите на следниов линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе