Вести Останато Спорт

Усик и Фјури на нов меч во Декември

Александар Усик во моментов е суверен владетел во тешка категорија, но кон крајот на година ќе мора да го одбрани тронот во уште едно соочување со Тајсон Фјури.

Според договорот меѓу двете страни уште пред почетокот на првиот дуел беше јасно дека поразениот сигурно ќе бара можност за реванш, а откако претставниците на двајцата боксери одржаа средба во Лондон, договорено е мечот меѓу Усик и Фјури да се одржи на 21 декември оваа година.

Веста ја соопшти советникот на кралското семејство во Саудиска Арабија, Турки Алалшик со директно потрди дека и второто соочување на двајцата боксери ќе се одржи во Ријад. Неофицијално првиот предложен датум за реваншот бил средината на октомври, но на последниот состанок е договорено тој да се одржи кон крајот на годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе