Вести Македонија Најважни

Весна Бендевска- министерка за правда?!

Според информациите на Телма, Весна Бендевска ќе биде предлог на ЗНАМ за нова министерка за правда откако во преговорите партијата на Максим Димитриевски доби можност да води две министерства (правда и планираното Министерство за администрација).

Бендевска на изборите беше носителка на ЗНАМ во изборната единица 5 и доби доволно гласови со што стана уште еднаш пратеничка во Собранието.

Претходно Весна Бендевска беше пратеник од редовите на СДСМ (во период од 2006-та до 2014-та). После 2017-та беше избрана за член на Комисијата за спречување и борба против дискриминација. Во Комисијата беше и претседател. По заминувањето од таа функција, Бендевска се приклучи на ЗНАМ.

Гаши во спикерската фотеља, Меџити во вицепремиерска, Таравари во министерска, две министерства и за ЗНАМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе