Течат роковите за тужба до Управниот суд откако Државната изборна комисија вчера го отфрли приговорот на Европскиот фронт предводен од ДУИ за изборни нерегуларности на прегласувањето во тетовското село Ларце во Општина Желино.
Сè уште е неизвесно дали ДУИ воопшто ќе поднесе тужба. Рокот истекува доцна вечерва.
По отворањето на гласачкиот материјал и повторното пребројување на ливчињата, Државната изборна комисија вчера го отфрли приговорот на ДУИ со кој се бараше прегласување на избирачкото место 2101 во тетовското село Ларце во Општина Желино. По прегласувањето на ова гласачко место на 22 мај, Коалицијата на ДУИ изгуби едно пратеничко место на сметка на Коалицијата Вреди. ДУИ се жалеше на неправилности, но нивниот приговор беше отфрлен со 6 гласа, а само потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која е предлог на ДУИ, гласаше за прифаќање на приговорот.