Вести Македонија Најважни

Конституирање на новиот парламентарен состав, кои од техничките министри ќе станат пратеници

Денеска се конституира 11-от парламент во независна Македонија. Седницата е ограничена на најмногу три дена, согласно новиот деловник.

Ќе се верификуваат мандатите на пратениците, треба да се избере и претседател на собранието. Во пратеничките клупи треба да седнат и шестмина претставници на техничката извршна власт.

Сите министри на СДСМ кои се избрани за пратеници ќе ги напуштаат министерските ресори, потврди досегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска во Топ Тема на Телма.

Бидејќи, како што рече таа, според Уставот и Изборниот законик функцијата пратеник е неспоива со друга функција.

Нивните функции до изборот на нова влада ќе ги вршат замениците министри.

Дел од законодавната власт треба да станат и шестмина претставници на техничката извршна власт.

Покрај министрите Фатмир Битиќи, Илир Демири, Љупчо Николовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадинова-Стојчевска и на техничкиот премиер Талат Џафери денеска треба да му биде конституиран пратеничкиот мандат.

Во две фотељи не се седи- од вторник Талат Џафери не може да е премиер, туку само Маричиќ, Груби или Грковска

Телма веќе објави дека претседателот на алтернатива Африм Гаши поднесе неотповиклива оставка од функцијата и од сите други партиски функции.

Според Уставот, претседателот на собранието не може да биде и претседател или функционер на политичка партија.

Гаши го овластил потпретседателот беким сали да ги извршува формалните обврски во партијата до изборот на нов претседател на партијата.

Алтернатива е дел од коалицијата Вреди, со која настапи заенички на изборите, и како што веќе објавивме, Гаши ќе биде претседател на собранието.

Во исто време, претседателот на движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами се откажува од пратеничкиот мандат. Тој до собранието достави изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат и бара да не му биде верифивикуван мандатот. Касами беше кандидат за пратеник од коалицијата Вреди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе