Двајца повредени во нова сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани.
42-годишен работник од Штип кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани e тешко повреден откако утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.
Двајцата се повредени и се префрлени во болница. Поради излетаниот автомобил, сообраќајот беше во прекин и се одвива отежнато на делницата.
Несреќата се случила утрово пред 8 часот на околу 3 километри од клучката Три чешми. Во тек е увид на јавен обвинител.