Вести Свет

Полска и Балтичките земји ќе градат 2,3 милијарди евра вреден систем за одбрана на границата со Русија

Полска презентираше план за зајакнување на безбедносните капацитети на нејзината граница со Русија и Белорусија, кој ќе биде имплементиран заеднички со Литванија, Летонија и Естонија. Станува збор за комбиниран систем на мерки против беспилотни летала и утврдени позиции на терен долж 700 километри долгата граница со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија. Според полската влада, ова е најголемиот проект за зајакнување на источната граница на НАТО уште од крајот на втората светска војна.

Ова е несомнено најголемиот проект од ваков вид во Полска по 1945 година. Сакаме да ги употребиме најдобрите искуства од Украина. Ги анализиравме тие искуства, не само во смисла на безбедноста на границата, туку и во смисла на опремата употребувана во Украина, рече заменик министерот за одбрана на Полска Цезари Томшчик.

Полската влада смета дека е мета на непријателски постапки од страна на Русија и Белорусија, затоа што е еден од најголемите поддржувачи на Украина во нејзината војна против Русија. Владата во Варшава смета дека Москва и Минск се обидуваат да ја дестабилизираат земјата преку координирани сајбер напади и создавање на вештачка мигрантска криза на границата

Ниту една земја не треба да има илузии дека нема да го браниме секој сантиметар од нашата татковина и дека сме подготвени за тоа. Ќе ја имплементираме НАТО стратегијата за одвраќање и одбрана со темелна скрупулозност, изјави министерот за одбрана Владислав Косиниак Камиш.

Именуван како „Источен штит“ изградбата на 2,3 милијарди евра вредниот проект веќе започнала. Предвидува инсталирање на најмодерните мерки против беспилотни летала, противтенковски бариери и ровови, бункери, засолчништа, како и простор за поставување мински полиња.

Овој штит и овој проект, кој сакаме да го изградиме, првично има два аспекти. Верувам дека се соочуваме со асиметрични закани, константни хибридни закани кои можат да нѐ ослабат за години. Ова е одговорот на тоа. И второ, во симетричната димензија за подготовка за војна, нема да биде факторот кој ќе ни гарантира победа, туку факторот кој ќе ги поддржи останатите делови од вооружените сили. Како што реков, неговата главна цел е да го препознае и забави непријателот и да создаде зони за контранапади, рече шефот на Генералштабот на Полските вооружени сили, генерал вислав кукула.

Најголемиот дел од финансиите ќе бидат обезбедени од буџетот на Полска, бидејќи земјата одвојува двојно повеќе од предвидените 2 проценти од БДП, како и од буџетите на трите останати земји, но ќе биде побарана и финансиска поддршка и од ЕУ, бидејќи системот е предвидено да ја заштитува источната граница на Унијата.

Трите балтички држави до 1990 години беа дел од Советскиот сојуз а Полска негов сателит. По падот на берлинскиот ѕид и неговиот распад, сите четири земји се осаомстоија и станаа членки на ЕУ и НАТО, но Москва сѐ уште инсистира дека тие спаѓаат под нејзината сфера на интерес.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хегсет: Не е можно враќање на границите кои Украина ги имаше до 2014 година

Дејан Дејан

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Дејан Дејан

Трамп и Путин разговарале по телефон: Преговорите за мир во Украина започнаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе