Вести Македонија

Пет лица повредени во сообраќајните несреќи во Штип

Пет лица повредни, од кои двајца со тешки телесни повреди е исходот од трите сообраќајни несреќи на територија на СВР-Штип. За живот се бори 42 годишен маж од Штип, во кој утринава додека работел на одржување и косење на тревата на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај Три Чешми бил удрен од возило сеат леон управуван од возач од Пробиштип.

Возилото од ударот во работникот на патот се превртело, а возачот се здобил со повреди. Од штипската Клиничка болница информираат дека 42 годишниот маж е на КАРИЛ, извршена му е операција и е на апарати. За само неколку часа, исто во близина на штипската приградска населба Три Чешми се случи втора сообраќајна несреќа, но на стариот регионален пат Штип-Велес.

Возило марка голф излетало од коловозот, совозачката во возилото 53 годишна жена од штипското село Врсаково е со тешки телесни повреди, а 50 годишната возачка на возилото се здобила со телесни повреди. И во последната која се случи околу пладне на магистралниот пат Делчево -Македонска Каменица, кај Биглата во судир меѓу две возила, повреден е еден од возачите.

Брзото возење, непочитување на сообраќајните знаци се причините за тешките сообраќајки на патиштата во источниот регион.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борисов и Радев го предупредија Мицкоски, тој им врати дека меѓународните договори се двонасочна улица

Дејан Дејан

Трагедија избегната „за влакно“, а сѐ уште никој не го санира железничкиот мост – зјае без ограда, додека се лоцираат надлежностите

Desk

Немаше претставници на клиничката болница – повторното судење за пожарот во тетовската модуларна болница е одложено за 25 септември

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе