Вести Македонија Топ вести

Министерот во заминување Демири го разреши директорот на Кардиохирургија поради „меѓучовечки односи“

Министерот за здравство Илир Демири денеска соопшти дека денеска го разрешил директорот на Кардиохирургија Маријан Шокаровски и од позиција на министер во заминување упати совет до наредниот министер, иако вели дека може и тој да биде и понатаму, новиот директор да биде избран од надвор од Клиниката.

-Му го прекратувам вршењето на функцијата на др. Шукаровски како медицински директор на Клиниката (н.з. Кардиохирургија). Друга причина е крајно нарушените меѓучовечки односи во една таква врвна институција. Недозволиво е нарушување на односите во таква институција, изјави на прес конеферанцијата Илир Демири, министер за здравство.

Шокаровски беше ставен за нов директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев. Потоа беше регистриран и инцидент меѓу двајцата директори.

Пукнал компресор за кислород, министерот Меџити по една недела молк излезе со информација за хаваријата во операционите сали на Клинички Центар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе