Вести Свет Топ вести

Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Израел на антивладини протести

Се продлабочуваат поделбите меѓу Израелците во однос на политиките на Нетанјаху за неговот справување со војната против Хамас во Газа.

Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Тел Авив кои бараат поголем ангажман од владата околу ослободување на преостанатите зеложници кои ги држи милитантната организација. Полицијата во неколку наврати употреби и водени топови со цел да ја растера толпата.

Владата ги напушти овие луѓе овие, моите браќа и сестри пред речиси осум месеци. Не можев да останам дома, морав да дојдам овде и да побарам од мојата влада да ги донесе сите заложници дома, вели Хилит Саги, демонстрант.

 

Дојдовме овде за да и кажеме на нашата влада дека не прават доволно за да ги вратат нашите најблиски. Тие не иницираат никакви преговори со терористите, изјави демонстрантот Снир Дахан.

Ситуацијата дополнително се вжешти откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг донесе пресуда со која бара Израел веднаш да ги прекине воените операции и да дозволи хуманитарната помош да влезе во земјата. Луѓето во Рафа ја поздравија пресудата, но бараат целосно запирање на израелската офанзива.

Сакаме операцијата целосно да престане. Сакаме конечен прекин на огнот. Сакаме животот да се врати во нормала бидејќи сме луѓе, вели Абдул-Насер Хашем, жител на Рафах.

 

 Ја чекавме оваа одлука. Се надевавме дека војната ќе заврши. Одлуката исто така го намалува притисокот доколку воената операција престане. Има голем број раселени во Рафах, тука има голем број раселени луѓе од сите делови на Газа, изјави Ислам Абу Камар, раселено лице од градот Газа.

Рано утрово камиони со хуманитарна помош почнаа да влегуваат во Газа од јужен Израел преку нов договор за заобиколување на преминот Рафах со Египет, откако израелските сили ја зазедоа палестинската страна на почетокот на овој месец.

Египет одбива повторно да ја отвори својата страна на преминот додека контролата не им биде вратена на Палестинците.

Тензичната атмосфера во Израел дополнително ја подгреа и судирот меѓу полицијата и ултраортодоксните евреи кој премина во насилни инциденти откако владата донесе итна одлука со која се забрануваат овогодинешните празнични свечености по повод Лаг Баомер.

Празничните свечености во чест на рабинот Шимон Бар Јохаи, мудрец и мистик од 2 век се одржуваат на планината Мерон но годинава тие се ограничени поради тековната размена на оган меѓу либанската милитантна група Хезболах и израелската армија во тој дел од земјата.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдени уште 10 загинати, вкупно 76 жртви во пожарот во хотел во Турција, приведени девет лица – утре Ден на жалост во земјата

Дејан Дејан

Први реакции по извршните наредби на Трамп- мигрантите, екологистите, здравствените и економските власти се загрижени

Дејан Дејан

Приведени четири лица за пожарот во хотелот во кој загинаа 66 луѓе – Ден на жалост утре во Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе