Ширењето на словенската писменост во 10-тиот век е нивната најголема заслуга поради која словенските народи и ден денес им укажуваат почит и ги одбележуваат светците кои на својата просветителска мисија тргнале од Охрид.
И додека гробот на свети Кирил е познато место и светилиште за нивниот ден, 24-ти мај, гробот на неговиот брат е мистерија и се уште не е потврдена локацијата каде е погребан во раниот среден век. Постојат претпоставки и научни теории дека е погребан во рамките на една црква во Чешка, која била дел од големата Моравска држава на почетокот на 11-от век.
Гробот на Свети Кирил е во базиликата Свети Климент во Рим која името го добила по пaпата Клемент. San Clemente al Laterano е базилика која е изградена во 4 век од новата ера и се наоѓала под земја. Таму е погребан Свети Кирил по смртта додека заедно Методиј биле во посета на Ватикан.
Олтарот за Свети Кирил се наоѓа во старата базилика врз која на почетокот на 12-тиот век е изградена новата Свети Климент базилика. Секоја година црковно-државна делегација од Македонија го одбележува празникот со посета на Рим, а утрово делегацијата ја посети базиликата и се поклони пред олтарот на Свети Кирил.
Владиците Тимотеј и Пимен одржаа молебен на гробот на Св. Кирил.
-Благодарение на сесловенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј, ние денес имаме македонски јазик, е една од главните пораки испратени од Италија и Ватикан на денот на сесловенските просветители.
Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј