Вести Македонија Топ вести

Ескобар: САД очекуваат новата влада на Северна Македонија да продолжи по европскиот пат

Во интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет, заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар порача дека САД очекуваат Северна Македонија да продолжи по европскиот пат.

Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. Добивме и уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија ВМРО-ДПМНЕ која победи на изборите, дека ќе останат посветени, рече Ескобар.

На прашање дали Стејт департментот на САД ќе ја повикаат Грција да ги изгласа меморандумите, како што ја повикаа и Северна Македонија да го почитува договорот, соопшти дека „САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и на евроатлантските интеграции на земјава“.

Oд прес-службата на Стејт департментот кажаа дека како што ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, САД ќе продолжат да ја истакнуваат важноста да се почитуваат „меѓународните договори и придобивките од полноправното членство во Европската Унија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе