Вести Економија Топ вести

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Ќе добие ли ЕСМ конкуренција во цената на струјата која му ја продава на ЕВН за домаќинствата и малите потрошувачи?

Идниот месец треба да се донесе нова цена на струјата. Годинава ЕСМ има обврска да му понуди на ЕВН ХОУМ  40 отсто од потребите на струја , но за останатите 60 проценти може да се јават и други фирми со пониска цена.

Иако, и досега освен електрани на тендерот на ЕВН за обезбедување на количините електрична енергија, можеле да се јават и други компании тоа не се случуваше, затоа што поголем процент од струјата доаѓаше од ЕСМ и тоа по цени пониски од пазарните. Но, овој пат од РКЕ очекуваат  да има повеќе фирми, затоа што условите го дозволуваат тоа.

-Сега со овие услови може би ќе имаме и други понудувачи, имајќи во предив дека имаме периоди кога може да има и пониска цена од онаа на ЕСМ може би во лентите месеци кога има поголемо производство од фотоволтаици и цените на берзите да бидат пониски и може би некој трговец со електрична енергија може би ќе понуди и пониска цена,  вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Овој јуни одлука за цена ќе се носи само за потрошената струја, но не и за мрежарината. Таму корекција ќе се прави дури во декември. Во меѓувреме со изборот на нов Универзален снабдувач се намали и профитната маржа, а падна и процентот на увоз, па од тука се отвара прашањето дали има простор за поевтинување на струјата?

-Сегашната цена изнесува 58 евра за мегават час, и ако имаме пониска цена на електрична енергија се разбира дека ќе има намалување на цената на струјата. И дополнително веќе се знае таа маржа што е понудена од 11, 5 проценти сега е 9 %,  и сето тоа ќе влијае позитивно на крајната цена на струјата, додава Бислимовски.

Иако, претходно се најави дека од оваа година наместо два пати, одлука за нова цена на струја  ќе се носи еднаш и тоа во ноември, поради изборот на нов Универзален корекција мора да се направи и во јуни.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе