Иако студираат на универзитетите во земјава, дел од младите по дипломирањето сакаат да најдат вработување во странство и својот живот да го продолжат таму. Сметаат дека со тоа ќе имаат подобра иднина, наспроти судентите кои велат дека во родното место ќе ја градат својата кариера.
Компаниите потешко наоѓаат работници во инженерство, угостителство, а недостасуваат и медицински кадри. Една од причините за тоа е одливот на работна сила, но и големиот јаз помеѓу тоа што се нуди на пазарот на трудот и тоа што се бара. Дополнително високото образование не подготвува доволно во однос на практичната работа.
-Се соочуваме со огласи за кои што не можеме да најдеме соодветна работна сила, особено во висококвлификуваните работни позиции. Би сакала да ги издвојат и угостителските позиции кои за жал во летниот период се доста дефицитарни бидејќи нашите млади луѓе заминуаат во топлите краишта, вели зорица божаровска бошковска, генералната директорка на кариера.мк.
-Да, универзитетите ги задоволуваат потребите до одреден степен, меѓутоа праксата си го прави своето, некогаш е доволно и познавање на англискиот јазик па самата компанија вложува и инвестира во вработените со тренинзи за да се обучат и дојдат на тоа ниво кое нас ни е потребно, рече ангелина шолц од компанијата апс.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети, оценува дека тој јаз помеѓу тоа што го нудат образовните институции и тоа што го бараат компаниите не се намалува и тие како универзитет се трудат да отвораат факултети со потребните профили, но најголемиот проблем е тоа што законот не бара задолжителна практична настава, што значи образованието ги подготвува студентите само со одредени предуслови.
Сега веќе стопанските асоцијации сѐ повеќе и погласно ја подвлекуваат оваа потреба бидејќи нѐ прозиваат дека нема да финансираат постојано неспремно образование кое не профилира одредени потребни профили за пазарот на трудот и одттука таа асиметрија на пазарот на труд е присутна и ќе биде и понатака и затоа и другите универзитети треба да работат повеќе во суштината не само во формата, изјави Абдулменаф Беџети, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Академик Беџети потенцира дека универзитетите се рангираат во светот во однос на тоа студентите колку брзо, но и каква работа наоѓаат.
Данијела Билбилоска