Вести Економија Топ вести

Одобренијата за градба стопирани, законите заглавени во Собрание, коj сака да гради ќе мора да го одложи планот

Изборите ги стопираа одобренијата за градба. Повеќе од еден месеци не се издаваат. На “стенд бај” е и работата на енергетските контролори. Не можат да испорачуваат енергетски пасоши, затоа што останаа без лиценци. И граѓаните и фирмите кои сакаат да градат објекти поголеми од 50 метри квадратни, плановите мора да ги одложат. Проблемот за сето ова настан откако  стариот закон за енергетска ефикасност престана да важи, а новиот подолго време е заглавен во Собрание.

„Сите градежни компании се статус-кво. Истечени ни се лиценците и овластувањата. Ние не можеме да издаваме потврди што значи дека во општините не можат да се водат ниту постапки за добивање на одобренија за градење. Засегнати се сите објекти за домување, станови куќи, сите деловни комерцијални објекти, хотели, мали дуќани, трговски центри“, вели Марија Станковска,  контролор за енергетска ефикасност и член на УО на ЗЛЕК, за Телма.

Здружението за енергетски контролори веќе извесен период добива поплаки. Затоа бараат од Министерството за економија да најде начин да се откочат работите, додека се донесе законот.

„Како што беше во короната преку некој правен акт, со фуснота на старите лиценци до донесување на новиот закон општините да ги прифаќаат предметите затоа што ќе имаме големи последици во градежниот сектор а со самото  тоа и во економскиот развој во државата“, додава Станковска.

За познавачите ние сме во една лимбо-ситуација. Дали ќе се донесе законот зависи и од новата Влада, но и да се случи тоа повторно работите веднаш нема да се откочат. Следат нови обуки за енерегетските контролори за да ја обноват лиценцата за работа.

„Ако Министерството за економија, новоформирано смета дека е добар. Доколку политиката на новата Влада има некои други согледувања, па да рече може да причекаме уште шест месеци и однеднаш да донесеме измена на законот и да ги донесеме правилниците во еден чекор, а не да ги продолжуваме, прво па друг па трет. Се зависи како владата ќе гледа на овој проблем“, вели Константин Димитров од МААЦЕВ.

Ги прашавме и во Министерство за економија, дали додека се донесе новиот законот може да се надмине проблемот, но одговор не добивме.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе