Вести Македонија Свет

Реакција на грчкото МНР за „македонската“ заклетва на Силјановска

Заминувањето на грчката амбасадорка од инаугурацијата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова во знак на протест не претставувало лична одлука, туку насоки дадени од Министерството за надворешни работи на Грција, објавија повеќе грчки медиуми.

Имало директива од грчкото МНР, наведува грчкиот весник „Катимерини“ за однесувањето на амбасадорката по заклетвата на Силјановска.

Грчкото Министерство за надворешни работи не навлегува во реакцијата на нивната амбасадорка, а во официјалната реакција вели: Овој чин е флагрантно кршење на Договорот од Преспа и Уставот на нашата соседна земја, кој е усогласен со меѓународните обврски на Северна Македонија.

-И покрај приговорите што ги искажа како опозициска партија при ратификацијата на Договорот од Преспа, актуелната грчка влада како ратификуван го почитуваше меѓународниот договор, кој преовладува над секоја друга законска одредба, се наведува во јавното обраќање на грчкото МНР.

-Во овој контекст, Грција категорично наведува дека идниот напредок во билатералните односи со Северна Македонија, како и напредокот во нејзиниот европски курс, зависи од целосното спроведување на Договорот од Преспа и начелно, од употребата на уставното име на земјата, соопшти МНР.

Ја потпиша заклетвата, но не го изговори целосното уставно име – Гордана Силјановска – Давкова стапи на функцијата претседател на државата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе