Вести Свет Топ вести

Израел повторно со засилени напади врз Рафа

Израел повторно со засилени напади врз Рафа. Жестоките борби кои се водат во јужниот дел на Рафа доведоа до неизвесност кај околу 300 илјади луге кои побегнаа веднаш по нападите. Услови за преживување нема. Лугето се без храна и вода , а захилите на гориво се ретчат. Главните премини во близина на градот остануваат затворени, спречувајќи го и движењето на хуманитарниот персонал.

Дел од жителите се евакуираа, но дел не успеаа. Во нападите в Газа 19 лица го загубија животот, мегу кои и деца . Останатите продолжуваат со пакување на своите работи за да се евакуираат.

,, Тие ни рекоа дека овие области се безбедни, дека не се загрозени. Но се покажа спротивното, оваа област е опасна, гранати паѓаат во источен Рафах.’’ – изјави Ахмад Абу Нахил, локален жител.

,,Мораме да се евакуираме, но не знаеме каде ќе одиме. Готово, сите луѓе си заминаа. Одеднаш рекоа дека ќе влезат од преминот, коридорот Филаделфи не е далеку од овде, па наеднаш може да најдете тенк среде градот и да не знаеме ништо за тоа’’- вели Хазем Абдин, локален жител.

,, Ситуацијата е многу, многу опасна. Не можевме да спиеме ноќе, бидејкжи имаше гранатирање и ракети. Словите се многу тешки. Нема луѓе на улица, а прехрамбените производи се дефицирарни. Немаме храна и вода. Засега се снаоѓаме, но евреите се уште не влегле во источен Рафа, а ние веќе немаме ништо’’- истакна Раед Ал – Фајоми, локален жител.

Израелските сили потврдија дека нема да престанат со борбите. Израелскиот премиер пак убедливо истакна дека борбата ке продолжи дури и да остане сам.

,, Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами. Ќе се бориме со нокти и заби. Денес сме многу посилни. Одлучни сме и обединети да го победиме нашиот непријател и оние кои сакаат да не уништат ‘’ – изјави Нетанјаху.

Израелскиот воен кабинет одобри приширување на областа на операции во Рафа. Според нив одмерено проширување, кое нема да ја премине црвената линија на американскиот претседател Џо Бајден. ОН апелираа дека ваквиот тек на настаните ке доведе до затворање на болниците и дополнителна неухранетост.

 

Марија Коцева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе