Вести Македонија Топ вести

Веќе е во затвор, а се сомничи за уште едно дело – кривична пријава против 37-годишен скопјанец за пожарот на мостот „Беласица“

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против 37-годишниот скопјанец кој е осомничен за предизвикување на пожар на т.н. „просторија за компензација на топловод“ под мостот „Беласица“. Инцидентот се случи на 11 мај лани, а поради направените оштетувања, дел од мостот донеодамна беше затворен за сообраќај, односно се возеше по една коловозна лента.

„По преземени мерки, подигнати докази, извршени вештачења и разговори со повеќе лица, било утврдено дека на 11.05.2023 под мостот „Беласица“, пријавениот предизвикал пожар на т.н. „просторија за компензација на топловод”, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ-Снабдување со топлина, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот“, се наведува во соопштението на МВР.

Осомничениот И.Х. (37) од Скопје се товари за стореното дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292, а во врска со кривичното дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик,

Како што додаваат од МВР, пријавениот И.Х. од 12 септември лани се наоѓа во КПУ Затвор Скопје на издржување на затворска казна за тешка кражба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе