Вести Македонија Топ вести

Димитриевски: Во Влада да, но без ДУИ и со јасни црвени линии за заштита на идентитетот и државните интереси

Учество во Влада да, но исклучиво под наши услови. Ова е пораката која денес ја испрати лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски на последниот ден од кампањата за претседателските и парламентарните избори. Тој смета дека целите во кампањата се исполнети и програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ целосно е презентирана на граѓаните.

Кога станува збор за условите, Димитриевски повтори дека во Владата ќе учествува доколку таму не е ДУИ  нема ништо против да биде Коалицијата „Вреди“ со која соработува на локално ниво, ги исцрта „црвените линии“ за заштита на националните интереси, идентитет, јазик, култура и наследство во текот на сите фази од евроинтегративниот процес.

Борбата против корупцијата е еден од постулатите во програмата на ЗНАМ и затоа доколку бидат партнери во Владата ќе се залагаат казните за злоупотреба на службената положба и овластувања да бидат најмалку 10 години затвор.

ЗНАМ нема преговори ниту со СДСМ ниту со ВМРО ДПМНЕ, дециден е Димитриевски.

Димитриевски побара од граѓаните масовен одзив и масовна поддршка на 8 мај за кандидатските листи на ЗНАМ и нагласи дека тие се вистинските претставници на социјалдемократското движење и идеја а кога станува збор за избор на претседател, кој за него е врвен приоритет, остава на граѓаните да гласаат по свое лично убедување иако тој веќе се извини што во минатото го поддржал Пендаровски.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе