Вести Македонија Топ вести

Гласањето ќе продолжи на места во Демир Хисар, во Липково, во Делчево и во Могила поради прекини повеќе од еден час

Гласањето по 19 часот ќе продолжи на четири изборни места на кои имаше прекин повеќе од еден час во текот на денот, соопшти Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК), на последната прес-конференција за излезноста во првиот круг на денешните претседателски избори.

„Тоа се однесува за едно место во Демир Хисар, едно место во Липково, едно место во Делчево и едно место во Могила“, информира Даштевски.

Тој претходно соопшти дека излезноста во првиот круг на денешните претседателски избори до 18.30 часот, според податоци од 3.174 избирачки места со запишани 1.653.023 гласачи, изнесува 48,46 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе