Балкан Вести Свет Топ вести

Србите на северот на Косово со нов бојкот на гласање

Од 46.556 запишани гласачи во 4-те општини со српско мнозинство во северно Косово гласале само 85 до 11 часот. Тоа е помалку од 0,2% излезност на референдумското изјаснување за отповикување на градоначалниците-Албанци кои косовската власт предводена од Курти, лани во април, ги избра со бојкот на Србите гласачи и со неколку проценти излезност.

Српскиот бојкот повторно е активен иако токму српските избирачи потпишаа петиција за смена на градоначалниците кои беа избрани на бојкотираните избори.

Гласањето на 21-ви април се организира врз основа на Административното упатство издадено од косовската Влада на премиерот Курти, по притисокот на меѓународната заедница да распише нови избори во општините на северот на Косово.

Гласањето се одвива во општините: Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Бојкотот е голем што например во Звечан не било пополнето ниту едно гласачко ливче за 4 часа изјаснување.

Портпаролот на Централната изборна комисија (ЦИК) Ваљмир Ељези изјави дека сите избирачки центри во општините на северот на Косово се отворени.

„Ги повикувам граѓаните да го остварат своето право и да се изјаснат дали се за или не се за смена на градоначалниците на четирите општини“, изјави Ељези.

Според податоците на косовската изборна комисија (ЦИК), право на глас имаат 46.556 гласачи, од кои 1.461 се нови избирачи.

ЦИК мораше да најде алтернативни локации за избирачки места, бидејќи образовните институции кои работат во српскиот систем во четири општини на северот на Косово не дале дозвола за користење на нивните простории. Некаде избирачките места се сместени во контејнери или мобилни објекти.

Србите во северно Коспво не ги прифаќаат албанските градоначалници кои беа избрани на избори со минимална излезност. За денешното изјснување,  Српската листа – најголемата партија на Србите на Косово која има поддршка од Белград, повика на бојкот.

Албанските градоначалници дојдоа на власт затоа што Српската листа ги повика граѓаните да ги бојкотираат изборите во април 2023-та година, кои беа организирани откако Србите ги напуштија косовските институции во ноември 2022-ра година на иницијатива на таа партија.

Таа партија побара нови избори и ја поддржа граѓанската петиција за смена на градоначалниците, за на 7-ми април да соопшти дека нема да учествува во гласањето за смена на градоначалниците.

Граѓаните можат да одговорат со „ДА“ или „НЕ“ на прашањето дали се согласуваат градоначалникот во нивната општина да биде разрешен. На гласачкото ливче прашањето и одговорот се понудени прво на албански јазик, па на српски јазик.

За да биде успешно гласањето потребно е за опцијата „ЗА“ отповикување да гласаат најмалку 50 отсто плус еден гласач со право на глас во секоја од четирите општини на северот на Косово. Таа бројка всушност е за 10 до 20 пати поголема од бројот на гласачите со кои беа избрани градоначалниците-Албанци на ланските избори.

Доколку резултатите бидат над 50 проценти, претседателката на Косово, Вјоса Османа има законски рок од 30 до 45 дена да распише вонредни избори. Но, тоа е процедурата, реалноста е нов бојкот на Србите, со која владата на Самоопределување на Курти повторно ќе мора да наоѓа ново прифатливо решение.

Бидејќи е очигледно деја гласањето ќе биде неуспешно, градоначалниците-Албанци остануваат да владеат со општините каде Србите се мнозинство и дури за една година може да се покрене нова иницијатива за нивна смена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран ги откажа летовите од сите аеродроми од вечерва во 21 часот до изутрина во 6 часот

Дејан Дејан

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе