Вести Македонија Топ вести

Под силно полициско обезбедување почна дистрибуцијата на изборниот материјал

Со засилено полициско обезбедување денеска од печатницата Киро Дандаро во Битола почна транспортот на  доверливиот изборен материјал  до  општинксите изборни комисии за првиот круг на Претседателските избри што ќе се одржи во среда на 24 април. Процесот на  печатење во изминатите денови како и дистрибуцијата на изборниот материјал денеска го следеа претставниците на Државната изборна комисија.

-Печатењето беше во ред,  имаше наш голем  тим тука кои завршија вчера со  доверливиот материјал за претседателските избори, потоа се враќаат за да го контролираат процесот за вториот круг претседателски избри и за парламентарните избори, рече Александар Даштевски, претседател на ДИК.

Од печатницата Киро Дандаро велат дека гласачките ливчиња се печатени на машина со висок квалитет, но и со висок степен на заштита.

-Процесот на изработка на доверливиот избирачки материјал траеше околу 10 дена, вклучувајќи 24 часовна работа. Истата беше под мониторинг на ДИК и ОБСЕ, испечатени се над 1.800.000 ливчиња и има над 20 заштитни знаци кои претходно се договорени во тендерска  документација со ДИК, вели Пеце Милошевски, директор на печатницата „Киро Дандаро“.  

Гласачкиот материјал до крајот на денот ќе биде предаден на сите 80 општински изборни комисии во државата.

-Имаме 17 тима, секој има по неколку општини. Ќе тргнеме од Прилеп, потоа правиме круг и ги носиме во сите Општински изборни единици и ќе завршиме до вечер, вели Даштевски

Напечатени се вкупно 1 814 317 гласачки ливчиња, колку што е вкупниот број избирачи во избирачкиот список за Претседателските избори. Печатењето на избирачкиот материјал за парламентарните избори, и евентуален втор круг на претседателските избори ќе започне кон крајот на следната недела.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе