Вести Свет

Нетанјаху: Следат „уште поболни напади против Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во видео обраќање во пресрет на еврејскиот празник Пасха, кој почнува утревечер, изјави дека Израел „наскоро ќе изврши уште поболни напади“ против исламистичката палестинска група „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА.

Тој истакна дека Хамас неодамна зазел поцврст став за можниот договор за прекин на огнот во енклавата и ослободување на израелските заложници.

– Наместо да отстапи од своите радикални позиции, Хамас сега ја користи поделеноста меѓу нас, охрабрен од притисокот врз израелската влада.Во наредните денови ќе го зголемиме воениот и дипломатскиот притисок врз Хамас, бидејќи само така ќе ги ослободиме заложниците и ќе ја постигнеме нашата победа, рече Нетанјаху.

Израелските власти веќе подолг период најавуваат дека се подготвува копнена операција во градот Рафа, на границата на Појасот Газа со Египет, со образложение дека таму се кријат борци на Хамас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе