Вести Македонија Топ вести

Партиите на Албанците сепак потпишале договор за уставни измени?!

Иако негираа, пред неколку месеци, партиите на Албанците во Македонија потпишале документ со кој се обврзуваат дека нема да бидат дел од владата, без јасен договор за уставни измени, откри денеска претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Убеден е дека измените ќе бидат направени  пред формирањето на новата влада.

Деновиве, во телевизиско интервју, и кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, откри дека уставните измени ќе бидат нивни услов за влегување во влада, како и дека, со ДУИ имаат џентлменски договор. Иако до сега велеше дека само ќе бара гаранции дека измените ќе се случат во одреден временски период, овојпат ја обелодени и временската рамка.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, ова го прокоментира како предизборен фолклор. Тврди дека уставните измени нема да бидат вклучени во преговорите за влада, а условите на сите партии ќе се диктираат по 8 мај. Од оваа партија остануваат на ставот дека, доколку Бугарија сака какво било придвижување во однос на ова прашање, мора да ги спроведе пресудите на судот во Стразбур.

Деновиве и амбасадорката на САД, во телевизиско интервју, изјави дека е можно уставните измени да се изгласат пред формирање на новата Влада, потсетувајќи дека имало преседани, кога биле одобрени амандмани за време на техничката влада.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе