Единаесетте македонски државјани, кои беа полесно повредени во вчерашната сообраќајна несреќа во Италија, се пуштени дома во добра состојба по укажаната лекарска помош во болница во Сан Бенедето, информира министерството за надворешни работи (МНР).
Дванаесеттиот патник останува во болницата во Анкона, каде денеска ќе биде подложен на операција на повредените рака и нога.
На автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија вчера се случи сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година), државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така, наши државјани.