Вести Македонија

Селими: Партиите со своето однесување несвесно ќе ги одвратат граѓаните од гласање

Политичкиот аналитичар Сефер Селими во вечерашната Топ Тема на Телма оцени дека иако на повисоките нивоа дискусијата помеѓу политичките партии се води на едно умерено ниво, пониските партиски ешалони и на социјалните мрежи се води одвратна кампања.

Партиските штабови немаат само официјални централи за комуникации, туку имаат и алтернативни фарми за „ботови“ и „тролови“, кои прават сѐ и сешто, шират секакви дезинформации и не бираат кого ќе нападнат за да ја постигнат целта за дениграција на некоја личност, рече Селими.

Потенцира дека албанските кандидати Таравари и Османи сѐ уште немаат разменето никакво директно обвинение, но ќе треба да се види дали тоа ќе остане така и во текот на кампањата.

Јас очекувам дека нивната дебата нема да биде маскирање на тоа што се случува долу, партиските активисти и „тролови“ и „ботови“ водат таква грда кампања, што јас мислам дека тоа ќе има сериозно влијание врз излезноста кај граѓаните. Да ги одврати, несвесно тие ќе ги одвратат граѓаните, поради тоа што знам дека целта е да покажат дека сите се исти, значи ние сме корумпирани, меѓутоа и вие сте корумпирани. Кога ќе ги гледа еден обичен граѓанин, кој нема директен партиски или личен интерес од некоја партија, зошто тој би излегол да гласа за еднакво лош избор, смета Селими.

Од друга страна, смета Селими, имаме малку посериозни обвинувања за корупција и криминал, од албанската опозиција, што иако трае веќе подолг период сега, како што се приближуваат изборите тие се интензивираат.

Тоа ќе стане доста тешка и мачна дебата, поради тоа што имаме таков недостаток на етички и морален компас во овие две коалиции што е многу страшно. Ние ќе се изнаслушаме само од двете страни, не треба да прават никакви спотови за да се рекламираат, тие само ќе пуштаат кој што рекол за другиот што сега го има во коалиција, оцени Селими.

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски смета дека мора да се смогнат сили и да се усвои нов Изборен законик. Вели дека на комисијата ѝ се додавале ингеренции без нејзините експерти да имаат право да образложат и да им објаснат на пратениците зошто некои од надлежностите ДИК не може да ги спроведува.

Тие можеле, значи и овој состав на ДИК и претходните, да побараат во рамки на средствата реорганизација, ако веќе сме надлежни за тоа и тоа, потребни ни се тие и тие лица, ќе ги превземеле од други институции, ќе се екипирале, така? Тоа е веќе нивен пропуст. А не сега пред избори да се кажува дека немаат капацитет. Немаат капацитет затоа што не смогнале сили сето тоа да го изменаџираат, вели Новаковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдени уште 10 загинати, вкупно 76 жртви во пожарот во хотел во Турција, приведени девет лица – утре Ден на жалост во земјата

Дејан Дејан

Први реакции по извршните наредби на Трамп- мигрантите, екологистите, здравствените и економските власти се загрижени

Дејан Дејан

Приведени четири лица за пожарот во хотелот во кој загинаа 66 луѓе – Ден на жалост утре во Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе