Македонија Топ вести

Продолжува битката меѓу Села и Таравари за шеф на Алијанса за Албанците

Додека започнува трката за претседател на земјава, друга битка за превласт се води во Алијансата за Албанците, за тоа кој е шеф на партијата Зијадин Села или Арбен Таравари. Основниот суд во Тетово пресече и во одлуката се наведува дека се именува Села за шеф на партијата на местото на Таравари. Крилото на Таравари денеска најави дека ќе ја обжали пресудата во Апелација.

Нивниот правен застапник Абидин Абдули изјави дека на пресудата и претходело изземање на три судии и биле цитирани докази само од спротивната страна. Притоа, според него, Села пред Конгресот на партијата во февруари разрешувал и бирал нови делегати.

Ние имаме и длабоко сомневање дека одлуката е донесена надвор од просториите на Основен суд Тетово и дека е потпишана само до страна на судијата Илир Реџепи, поради евидентниот притисок што го имал“, изјави Абдули.

Села пак рече дека со одлуката на судот се уважува барањето на Конгресот на партијата дека нејзин претседател е токму тој, а секој има право да обжали пресуда.

„Не се работи за спор помеѓу мене и Таравари, него се работи за одлука на Конгрес, што е документирано во Основниот суд во Тетово. Негово право е да обжали одлука на суд“, рече Села.

А кој е сега претседател на Алијанса?

„Додека одлуката не е правосилна претседател на партијата е господинот Арбен Таравари“, рече Абдули.

„Сега и од формален правен аспект Алијанса за Албанците припаѓа на членството, а претседател сум ја“, смета Села.

Села во однос на тоа дека печатите на Алијанса се во рацете на Таравари, рече дека тие се само симболика и дека поради тоа имале два избори или да ги бојкотираат парламентарните избори или да одат во коалиција и сега се дел од Европскиот фронт со ДУИ.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Благодарност од Лога до турските власти за екстрадицијата на Палчо

Дејан Дејан

(ФОТО) Палевски пристигна во Истражниот затвор Шутка

Дејан Дејан

(ВИДЕО)Љупчо Палевски Палчо стапна на македонско тло

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе