Вести Македонија Топ вести

По бучните рафали и ‘ршумот во Арачиново, молк од надлежните додека трагаат по пукачот кого рани возачот, а посегна по животот на градоначалникот Ридван Ибраими

МВР на терен, обвинителството прегледува камери и собира изјави. По 24 часа од пукањето во Арачиново се трага по напаѓачот кој посегна по животот на градоначалникот Ридван ИБраими. Двајцата вработен и во општината кои биле во негова придружба заздравуваат по извршените операции и се надвор од животна опасност. Нападот го осудија од ЗЕЛС, а политичарите меѓусебно се обвинија.

Тишина во Арачиново и молк меѓу истражителите. Пукачот кој беснееше со калашников и ги рани возачот и вработениот од општина Арачиново, а тргна да го лиши од живот градоначалникот се уште е на слобода. Но, кој е и како се вика и кој се неговите мотиви и по 24 часа се уште е енигма. Се проверува секоја куќа, информација и безбедносна камера. И полицијата и обвинителството со одговор дека времето работи во нивна корист.

  • „МВР постапува за идентификација на сторител на кривично дело. Обвинителството во континуитет издава наредби и насоки,“ информираат од обвинителството

21- годишното момче кое во улога на возачот се најде на метата на пукачот заздравува на Карил ,откако торакалните хирурзи синоќа му отстранија дел од левото белодробно крило. Тој е надвор од животна опасност, и во прва прилика ќе им раскаже на истражителите дали видел кој стрелал кон нив. Со полесна операција мина уште еден вработен со рана во десното рамо. Градоначалникот на општината Ридван Ибраими кој бил мета на нападот не одговара на повиците, а откажани се сите настани на општината. Осуда стаса и заедницата на единциите на локалната самоуправа… Иако мотивите за нападот не се официјално соопштени, од ЗЕЛС препознаваат „насилна практика на изразување на незадоволство од работата на градоначалникот“ и бараат да им се дозволи своите надлежности да ги спроведуваат низ институционални постапки и процеси.

  • „Ова не е прв пат во нашата земја да се посегне по животот на градоначалник, токму при извршувањето на неговите работни обврски. Затоа бараме надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на случајот со цел ова никогаш повеќе да не се повтори“, порача од ЗЕЛС.

Додека обвинителстовото и МВР трагаат по напаѓачот  јавноста бруи дека зад нападот стојат несогласувањата на градоначалникот со една фамилија од Арачаиново. Ваквите тврдења се поткрепуваат со претходните напади врз Ибраими. Членови на семејството Ајвази го напднаа градоначланикот минатиот септември одговараат за насилство. Тие се членови на семејството на првиот човек на огранокот на ДУИ и поранешен градоначалник на општина Арачиново, Брахим Ајвази. Неофицјално првични сомнежи за вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново се поврзани со стара расправија со семејството Ајвази од селото, расправија која е поврзана со земјиште на влезот во Арачиново во близина на фудбалскиот стадион, тврдат за Телма, полициски извори. Сведоци веќе посочиле дека еден од учесниците во нападот е и лицето Мурат Ајвази кој е осомничен за убиство извршено во 2007-ма и оттогаш е во „успешно“ бегство од полицијата и надлежните органи.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе