Вести Македонија Топ вести

Ниската доверба, независноста и интегритетот – дел од предизвиците и товарот на „бродот“ наречен судство

Ниската доверба во судството, независноста професионалноста и интегритетот на судиите. Старо нови теми и дилеми  беа на маса и на овогодинешната конфернеција по повод денот на македонското правосудство. Крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет ја затресоа довербата – ова се предизвиците за макеоднското судство и во очите на мисијата на ОБСЕ во земјава.

Фер и транспарентни судења и квалитетни одлуки донесени од професионални судии  со интегритет кои ќе напредуваат според систмеот на заслуги  се камен темелник на правосуден систем кој им служи на граѓаните.  Македонското судство треба да ја врати довербата порачаа од ОБСЕ а токму предметите од јавен интерес се индикатор за јавната доверба  рече претседатлеката на Врховен суд според која со владеењето на правото не може да има калкулации ниту демагогија.

Изминатиот период покажа значајни предизвици за судството во земјава. Крајно политизирани одлуки во областа на влаедеење на правото заедно со недоволна транспарентнос и квалитет ја разнишаа довербата на јавност во судството. Ние мора да ги обединиме нашите напори да  ја изградиме повторнио оваа довербата, рече  Сузан Пенкса заменик шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

-Мисијата на отвореното судство не е само да биде формален модалитет на комуникација, туку да биде моќен генератор на идеи кој ќе дава одлучни одговори на центрите на моќ кои имаат намери да ја нарушат независноста на судството – рече Беса Адеми.

Претседатeлот на Здружението на судии не негира дека причините за недовербата потекнуваат од внатре од судството но забележива дека изминатиот период токму другие две власти ја преносочувале недовербата.

За реформите во правосудството сите зборуваме во еден глас, ама понеокогаш дејствуваме различно. Факт што се докажа низ времето. Време сè помалку имаме,. Во изминатиот период се соочивме со бројни предизвици, поддршка, охрабрувања, ама и критики и понекогаш и со притисоци, рече Џемали Саити.

За враќање на довербата граѓаните треба да почу вствуваат брза и ефикасна правда, смета претседателката на судски совет.

Довербата не е подарок, таа се заслужува. Ние треба да ја заслужиме час поскоро, со секоја наша одлука донесена без влијание, без притисок, без емоции – рече Весна Дамева

Изборот и унапредувањето на судиите базиран на мерит систем беше една од главните теми нак оја денеска диксутираат судии и претседатеи на судови на конференцијата по повод денот на макеоднското праовсудство. Токму на ова се однесуваат и дел од препораките на оценската мисија на ЕУ.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полициско возило со тројца полициски службеници излетало на патот Охрид-Кичево – повредените се пренесени во болница

Дејан Дејан

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Платформата за ХИВ апелира да се врати минимален буџет од 130 милиони денари за заштита на населението од оваа инфекција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе