Вести Македонија Топ вести

Амбасадорот Гир не коментира за злоупотребените 2,2 милиони евра преку Ерасмус плус

Oткако Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ, побара Македонија да врати 2,2 милиони евра европски пари што биле дадени во земјава, а потоа биле злоупотребени во програмата „Еразмус Плус“, молк од државните институции.

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска истакна дека ЕУ очекува Националната агенција да ги спроведе дадените препораки.

Лани земјава доби известување од Европската канцеларија за борба против измами, со барање парите да бидат вратени, а потребата од поврат на средствата била потврдена овој месец и од Генералниот директорат за образование на млади, спорт и култура при Европската комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе