Вести Македонија Топ вести

Тошковски отвора сомнеж за регуларноста на изборите во Тетово, Гостивар и околината

Загриженост за тоа дали Владата ќе направи сѐ за изборите да бидат фер и демократски, изрази денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, откако по неговото стапување на функција не му било овозможено да назначи нов началник на СВР Тетово. Тошковски и претходно се пожали дека од осум сектори за внатрешни работи, само во СВР Тетово, не можел да постави друго име, иако го имал тоа право согласно законот.

„Значи овие како Влада не дозволија не само мене, туку не дозволија и на дополнителниот. Не со име и со презиме туку со работна позиција, не дозволија промена на систематизација, којашто промена на систематизација ќе овозможеше поставување од моја страна началник, од страна на дополнителниот, дополнителен началник кој што требаше да го гарантира фер и демократскиот процес на територија на Тетово, Гостивар, Брвеница, Јагуновце и итн“, изјави Тошковски.

Тошковски притоа додаде дека од Владата се уште не добил правно образложение.

„Ми беше ветено дека ќе ми биде дадено правно образложение зошто Владата смета дека по закон го немам тоа право. Правно образложение не ми беше дадено. Ај можеби јас не заслужувам да добијам правно образложение. Може јас сум правник па треба сам да читам. На новинарите кои што се обратија да добијат одговор на прашањето, замислете Владата што кажа на отворена седница не биле дискутирани такви работи. Пазете сеа, ем шуто ем боде“, додаде Тошковски.

Тошковски претходно изјави и дека за опструкциите ги информирал ОБСЕ-ОДИХР и стратешките партнери. СВР Тетово ќе биде надлежно за изборите да поминат во најдобар ред во изборната единица 6 каде има речиси 278 илјади гласачи.

Марија Митевска

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За „шетање“ затвореници на приватни собири- поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, екс директор на затворот Шутка и 7 затворски чувари и надзорници

Дејан Дејан

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Дејан Дејан

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе