Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава против скопски матичар

Скопски референт – матичар доби кривична пријава откако по барање на брачен пар изготвил извод од матичната книга за родените за нивната ќерка со непосточки податоци.

Како што соопшти МВР, првопријавениот, по претходен усмен договор со второ и третопријавените, родителите на детето, без примено писмено барање за издавање на извод од матичната книга на родени, изготвил и заверил, со свој потпис и службен печат, извод од матична книга на родените за нивната малолетна ќерка, во која внел невистинити податоци, односно матичен број кој бил непостоечки.

Таквиот извод, посочуваат од МВР, потоа бил употребен во Одделението за управни работи Скопје како прилог на барањето за издавање на патна исправа на малолетната ќерка. МВР работи на расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе