Вести Македонија Топ вести

Илјадници евра народни пари за трошоците на одбраната во застарените предмети

Откако по повеќе од една деценија застаре предметот „Маџар Телеком“ поради измените на Кривичниот законик, на ред е државата да ги плати трошоците на одбраната за тројцата обвинети странски државјани Атила Сендреј, Золтан Кишјухас и Ролф Плат. Побарале околу 250.000 евра – Кривичен им досудил вкупна сума од околу 69.000 евра. Телма направи увид во овие одлуки кои не се конечни – адвокатите имаат право на жалба.

Обвинението беше поднесено во 2011 година, а првата неправосилна пресуда беше донесена дури во 2023 година. Во меѓувреме се менуваа судии и обивнители, а судбината на овој предмет ја запечатија контроверзните законски измени со кои се скратија роковите на застареност за делата „злоупотреба на службена“ и „несовесно работење во службата“. Предметот застаре на пат кон Апелација.

Во меѓувреме, првостепени или правосилни решенија има и за трошоците на дел од одбраната во предметите „Армиско оружје“, но и за случајот за тениското спортско здружение „Љуботен“ од Тетово.

За надоместоците на тројца од обвинетите во „Армиско оружје“, Кривичен досудил вкупно околу 18.000 евра, наспроти барањата за надомест во трошковниците од вкупно 77.000 евра.

За предметот против екс членот на судски, Зоран Теофиловски и уште шестмината обвинети за случајот со тенискиот клуб „Љуботен“, Кривичен досудил пет пати пониска сума, односно вкупно 32.500 евра, наспроти побараните околу 150.000 евра.

Од увидот во сите решенијата можеше да забележи дека дел од барањата во трошковникот на адвокатите, судот ги одбил затоа што немало докази, биле неосновани или, пак, веќе биле покриени со другите ставки. За одржаните рочишта, судиите досудувале една сума, за одложени пониска, а не се досудени трошоци за оние расправи кога биле одложени по вина на одбраната.

Телма претходно ги објави и надоместоците во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати Побарале, речиси, половина милион евра вкупно, а добиле околу 140.000 евра.

Сè уште нема одлуки, а прислушувањето од „Таргет Тврдина“, „Моќник“, „Змиско око“, но и други предмети кои јавноста не ги следеше, а се однесуваа на делата „злоупотреба на службената положба“ и „злосторничко здружување“ кои со измените на КЗ драстично се скрати времето застарување.

Измените на КЗ беа посочени како една од главните причини за загриженост на ЕК која констатираше дека нема напредок во борбата со корупцијата во последниот извештај.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе