Вести Македонија Топ вести

Започнува мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР за двојните избори – ќе бидат распоредени зголемен број на набљудувачи

Зголемен број на набљудувачи ќе бидат распоредени за претстојните претседателски и парламентарни избори. Денес, ОБСЕ/ОДИХР ја отвори мисијата во земјата.

Дванаесет меѓународни експерти од исто толку држави членки на ОБСЕ и 20 долгорочни набљудувачи ќе бидат распоредени низ целата држава од наредната недела.

Тимот ќе го дополнат и 300 краткотрајни набљудувачи кои ќе пристигнат во Македонија на еден ден пред гласањето.

„Пред нас има многу работа, а роковите се кратки“, вели шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк.

„Имаме други експери коишто работат на изборната администрација, правната рамка, политичката средина, кампањата, политичкото финансирање, финансирањето на кампањата и медиумите. Ние исто така ќе имаме комуникација со сите институции коишто се вклучени во изборниот процес, како и политичките партии и граѓанското општество. Врз основа на сите тие разговори ќе подготвиме прелиминарен извештај којшто треба да биде објавен на 9 април“, изјави Џилијан Стирк, шефица на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Претходно, ОБСЕ/ОДИХР во својот извештај предупреди за можна нестабилност и неизвесни избори.

Денес, шефицата на мисијата Стирк вели дека зголемениот број на набљудувачи се должи на препораките од Мисијата за проценка на потребите.

Партиите на Албанците од власта и опозицијата во меѓувреме се обвинуваа меѓусебно дека се подготвени да предизвикаат немири, доколку не им одговара изборниот резултат.

„Бројот на набљудувачи се заснова на препораките од Мисијата за проценка на потребите. Има два вида на избори коишто се случуваат во ист ден, па не е невообичаено да имаме голем број на набљудувачи и дека бараме голем број за двата вида на избори“, додаде Стирк. 

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе анализира и дали претходните препораки се имплементирани во измените на Изборниот законик.

Ова се 22 избори во Македонија коишто ќе ги набљудува ОБСЕ/ОДИХР. Последни беа локалните избори кои беа следени од страна на мисијата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе