Вести Македонија Топ вести

ОБСЕ ја отвора мисијата за следење на изворите во земјава

20 долгорочни набљудувачи од различни земји од светот ќе ги следат изборите во земјава заедно со клучниот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кој брои 12 членови. Мисијата официјално со работа почнува од денеска. Нив треба да им помагаат и 300 краткорочни наблудувачи кои во земјава треба да пристигнат непосредно пред изборите.

Допрва ќе се прават проценки и анализира – дали препораките на ОБСЕ/ОДИХР се земени предвид од страна на институциите.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР на претседателските и парламентарни избори ќе ја предводи експертот за човекови права и поранешен заменик министер во Канада и амбасадор, Џилијан Стирк, која денеска одржа и прва пресконференција, на која меѓу другото додаде и дека бројот на набљудувачи се заснова на пораките од Мисијата за процена на потребите. Најави и дека од следната недела ќе започне интензивното следење и на известувањето на медиумите.

Двата изборни процеси ќе бидат следени посебно, но ќе бидат комбинирани во конечните извештаи. Прелиминарен извештај ќе има на две недели до изборите, а конечниот ќе биде готов  два месеци по изборите.

Ова се 22-ри избори во Македонија, последни беа локалните избори кои беа следени од страна на мисијата. Претседателските избори во Македонија ќе се одржат на 24 април, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе