Има ли механизми македонските органи да ги добијат доказите врз чија основа Соединетите држави санкционираат лица од Македонија, ставајќи ги на црната листа поради сомнежи за корупција? – Дел од правниците се воздржани, дел сметаат дека ваква можност има.
Обвинителството сè уште не испратило формално барање до други земји. Дека се разгледуваат можности да се искористи Законот за меѓународна соработка во кривичната материја за да се соберат податоци околу лицата кои се на американската црна листа, обвинителот Коцевки кажа уште на почетокот на март.
Досега оваа правна помош не е искористена, а обвинителот, кој стапи на функција на средината на февруари, не знае зошто до сега не била побарана.
Опозицијата повикува да се искористат можностите што ги дава Законот за меѓународна соработка во кривичната материја. Власта, пак предлага измени на законот за рестриктивни мерки и во нив гледа можност да се создадат услови за евентуално процесуирање на овие лица.
Измените на законот за рестриктивни мерки се заглавени во Собрание, а за дел од правните експерти се проблематични по повеќе основи. Од аспект на човековите права, пресумпцијата на невиност, но и на процесни права и извршување на јавни функции.
Марија Дивитарова