Вести Македонија Топ вести

Димитровски во „Топ тема“: Ситуацијата со лајшманија не е толку алармантна, јас сум против евтаназија, бидејќи секое куче има право на живот во нормална средина

Годишната наредба за здравствена заштита на животните не е произлегува или нејзина цел не е да го заштити јавното здравје, туку е за заштита на здравјето на животните, смета Војислав Димитровски, спец д-р по ветeринарна медицина, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Се што зборуваме сега и мерката која што е пропишана во годишната наредба за здравствена заштита на животните е промашена тема во однос на нејзиното етаблирање во јавноста. Ситуацијата не е толку алармантна. Да, зооноза е, но таа зооноза постои тука од 1938 година. Агенцијата за храна и ветеринарство за првпат ја споменува болеста во 2017 година, што значи дека до 2017 година ние свесно не сме направиле акти со кои би ја ставале болеста под контрола, иако бројките што се, не укажуваат дека болеста оди во некоја нагорна линија, па да преземаме екстремни мерки со евтаназија на кучиња кои што се позитивни“, истакна Димитровски.

Серопозитивното куче, нагласи Димитровски, не значи дека може да пренесува болест, туку треба да се стави под надзор и да се третира.

„И јас не сум приврзаник такво куче да се враќа на локација. Во годишната наредба е задолжителна брза евтаназија. Сакаме да укажеме дека и тоа куче треба да има еднаков квалитет на живот, како што има и домашното куче. Ако некој сака да го вдоми, ако некој сака да се грижи за него, зошто да не му дадеме можност на тоа живо суштество да функционира. Тоа е всушност една од петте слободи кај благосостојбата кај животните – да има право на живот во нормална средина“, истакна Димитровски.

Тој посочи и на акт на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кој што е донесен во 2020 година, претставува листа на болести кај животните со зналителен ризик за ширење во државата.

„Документот е издаден во 2022 година и лајшманијата не фигурира во него. Во тој акт не е таргерирана, а во годишната наредба е таргетирана и со најстрога мерка – веднаш евтаназија. Тоа е небулоза“, вели Димитровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе