Вести Македонија Топ вести

Околу 150 луѓе чекаат за трансплатација на бубрег, а најмладиот пациент има само четири години-одбележан Светскиот ден на бубрегот

Даница Стојкова од Прилеп веќе дванаесет години е на дијализа. Хроничната бубрежна болеста ја  открила во рана фаза. Полицистичните бубрези ги наследила од својот татко. Тој по долга борба со болеста починал, а мајка и не е соодветен донатор за да и дарува бубрег, па веќе осум години е на листата на чекање за трансплатација и живее во надеж дека еден ден ќе добие нов орган со што би се олеснил и нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.

„Животот на дијализа е многу тежок, но е можен. Три дена во неделата по четири часа одам на дијализа. Меѓутоа без апаратот ние не можеме да живееме. Откако ќе почнеш да одиш на дијализа се менува животот комплетно како мојот така и на моето семејство. Сите дома мора да се адаптираат на мојот живот“, вели Даница Стојкова, пациент со бубрежна болест.

Секоја година се повеќе се зголемува бројот на пациенти кои имаат некое бубрежно заболување, а најголемите виновници за тоа  се дијабет и хипертензија.

„Она што е особено загрижувачки е порастот на вкупниот број пациенти кои се со некое бубрежно заболување, а особено на бројот на пациенти кои бараат одредена замастителна бубрежна терапија и особено пораст на пациентите кои се на хемодијализа“, изјави д-р. Ирена Бушлетиќ,  Директорка на Клиниката за Нефрологија.

Подобрени се условите за лекување со дијализа во земјава, но сепак проблем останува тоа што не се воведуваат нови лекови смета претседателот на здружението за бубрежно болни пациенти „Нефрон“.

„Ние постоиме веќе дваесет и една година и досега решивме многу проблеми што се однесува на квалитетот на дијализа и материјалите за дијализните третмани. Меѓутоа остануваат и горливите прашања за воведување на нови лекови. Се надеваме дека пораката што ќе ја ипратиме одовде ќе допре до сите надлежни институции“, изјави Душко Ѓоргиев, претседател на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.

Во Македонија оваа болест е застапена кај десет отсто од населението, а на дијализа се околу 1.500 пациенти. Најмладиот пациент со хронична бубрежна болест има само 4 години, а најстариот има 92 години.

Тамара Марковска

Донирани срце, црн дроб, бубрези за спас на најмалку четири животи – извршена нова мултиорганска трансплантација на органи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе