Здружението на новинари на Македонија ги додели годишните новинарски награди. Со наградата „Крсте Петков Мисирков“ која се доделува за животно дело годинава се закити догогодишната новинарка на ТВ Телма, Соња Николовска.
Одамна заслужената награда на Николовска и беше доделена на официјалната церемонија при доделување на годишните награди на Здружението на новинари на Македонија.
Николовска се заблагодари за добиеното признание и пред присутните рече дека изборот годинава нејзе да и биде врачено ова признание за неа било вистинско изненадување.
„Професионално почнав како репортер сега еве завршувам како репортер. Бев уредник на емисии, на вести, имав линковски вклучувања од сите јавни настани во државата. Им се заблагодарувам на сите кои во мене препознаа добар колега и им посакувам на сите еден дена да добијат слична ваква награда. Им посакувам на моите помлади колеги да бидат дел И да останат дел од професијата која го менува општеството“, рече Николовска во своето обраќање.
Зад себе има 38 годишна новинарско искуство, а оваа година ја заокружува својата професионална кариера.
Во редакцијата на Телма е присутна речиси 23 години. За генерации и гененерации гледачи, Соња е препознатлива како новинарка која со децении известуваше од Собранието и за најважните политички настани во државата.
За помладите колеги во редакцијата на Телма и во новинарската професија, таа е пример за професионалност, посветеност и солидарност.
Во категоријата истражувачко новинарство наградата „Јашар Еребара“ ја поделија новинарките Ирена Мулачка од неделникот „Фокус“ и Мирослава Брнс од „Слободен печат“.
Благодарение на нивните истражувања обвинителството покрена истрага за злоупотребите на биолошка терапија на Клиниката за онкологија.
На манифестацијата не беа изоставени и локалните теми, Анета Блажевска беше издвоена за известувањето минатава година.