Вести Македонија Најважни

И покрај одлуката на Владата да бидат бесплатни граѓаните си ги плаѓаат возачките и сообраќајните

Иако во обид да се искупи од проблемот кој и самата си го постави Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат, а се уште се валидни да бидат бесплатни сепак и вчера граѓаните си ги подмирија самите.

Во станиците за технички преглед им било кажано дека таквата информација официјално до нив не стигнала и се додека не добијат таква насока, тие ќе мора да си наплаќаат.

Од МВР за Телма пак велат дека одлуката станува валидна во моментот кога ќе биде објавена во службен весник но ресорното министерство дури вчера ја доставило таму ваквата информација иако одлуката беше донесена во вторникот на владина седница.

Се уште се провлекува и проблемот со налепниците со кодот НМК. На станиците каде веќе се потрошиле залихите велат немаат добиено нови.

Дополнителен проблем е и издавањето на патните исправи за кој државата ги троши последните обрасци со најава дека нови се очекуваат да стигнат кон крајот на месецот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Дејан Дејан

Седум загинати, 69 повредени – урнати два моста во руски региони кои се граничат со Украина

Дејан Дејан

Гуми, покуќнина, санитарија, пластика – куп отпад изваден од дното на Охридското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе