Во станиците за технички преглед во Скопје, Куманово и Велес се уште нема доставено налепници за регистрации со ознаката НМК.
Телма телефонски контактиораше со 5 станици за технички преглед во овие градови и ни беше кажано дека до овој момент до нив нема доставено ваков материјал, како и дека истиот го очекуваат да стигне во текот на денот.
Забележуваат дека досега не биле информирани официјално од МВР за начинот на делење и за достава на налепниците.
Од МВР пак рекоа дека денеска нив ќе ги има на сите технички центри со образложение дека немаат конкретен податок за колку возила се потребни, но дека набавената количина ќе биде доволна за сите.
Доколку се појави некој недостаток велат дека ќе набават дополнителни количини.