Вести Македонија Топ вести

Селмани во „Вин-Вин“: Алијанса на Албанците е најголем губитник во партискиот раскол

Состојбите во Алијанса на Албанците не се изненадување за поранешниот министер Имер Селмани, кој во вечерашното издание на Вин-Вин рече дека се минува низ најлошиот епилог во внатрепартиските однесувања во изминатите три-четири месеци, но и партиското позиционирање во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

„Лично ги познавам повеќе луѓе во структурата на Алијанса на Албанците. И Таравари и Села ги познавам најмалку 20-тина години. Имаше ситни недоразбирања во последните шест месеци, меѓутоа ниту јас на крај не очекував дека толку драматично ќе биде почетокот на една голема поделба во Алијанса на Албанците“, изјави Селмани.

Најголем губитник, според него, ќе биде партијата, самите членови, самата структура, самите граѓани кои полагаа одредени надежи во таа партија.

„Структурата во подограноците, ограноците сега треба да одлучуваат меѓу Села и Таравари. Знам дека на многу луѓе им паѓа многу тешко и тешко се одлучуваат со кого ќе продолжат понатаму“, рече Селмани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе