Вести Македонија Топ вести

Лога на средба со неговиот турски Јилмаз Тунч- една од темите екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски тема на разговор на министерот за правда Кренар Лога, кој попладнево во Турција се сретна со неговиот турски колега Јилмаз Тунч.

  • Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.
    По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава. Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството , да се казнат оние кои извршиле злосторство, соопштија од Министерството за правда.

Павелвски е во екстрадициски затвор во Турција од 29 декември во затворот во Баликесир.

На почетокот на декември тој беше уапсен таму по меѓународна потерница.

Во притвор во Скопје за овој случај се уште четворица осомничени за киднапирањето и убиството, вклучувајќи го и таткото на Ѓорчевска и тројца соработници на Палевски.

  • „Двајцата министри разговараа за реформите во правосудниот систем, информатичката технологија и продлабочување на соработката помеѓу институциите на двете пријателски земји. Се дискутираше за големите реформи во правосудниот систем кои се предвидени во развојната Стратегија ( 2024-2028), измени на законот за судски совет, измени на законот за Јавно обвинителство, нов закон за помилување кој е во собраниска постапка како и за законот за извршување на санкции. Двајцата министри разговараа и за меѓусебната соработка ,многубројните протоколи и меморандуми кои се потпишани во текот на изминатите години. Договорено е, заедно со министерот на Турција, Јилмаз Тунч во Скопје да се потпише меморандум за соработка на сите нивоа, особено за затворскиот систем со цел да се овозможи ресоцијализација на лицата кои издржуваат казна затвор“, соопштија од Министерството за правда.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе