Вести Македонија Топ вести

Четири странски компании и една домашна се пријавиле за изградба на гасоводот до грчка граница

На меѓународниот повик за изградба на македонскиот дел од гасоводот до границата со Грција се пријавиле пет компании – четири странски и една домашна. Четирите надворешни фирми, генерално, се конзорциуми. Сите понудиле пониска цена од проектираната сума. Огласот беше затворен на 1 февруари, а проектот беше проценет на вредност од 57,8 милиони евра, но во меѓувреме, поради енергетската и воената криза оваа сума порасна на над 83 милиони.

Петнаесет милиони евра од нив се грантови, пари кои ќе се искористат за градба, надзор и проектирање, а останатите пари ќе се обезбедат преку заем. Од „Нома гас“ велат дека не е поставен краен рок до кога да се избере кој ќе го гради гасоводот, а додаваат и дека процесот би можело да потрае поради обемната документација. Но, очекувањата се дека ако се оди како што треба, со изградба би се почнало до крајот на март.

Интерконекторот кон Грција треба да обезбеди посигурно снабдување со природен гас, како и диверзификација на изворите, од каде Македонија досега го набавуваше гасот, односно руски „Гаспром“.

Единствената прекугранична гасоводна врска што ја има Македонија во моментов е со Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе