Вести Македонија Топ вести

Анкета на „Солуција“: Криминалот, корупција и ниските приходи се топ три најголеми проблеми во државата

Криминалот, корупција и ниските приходи се топ три најголеми проблеми во државата покажува истражувањето на Балканскиот центар за конструктивно политики „Солуција“.Корупцијата со 18% и криминалот со 14,% се клучни проблеми на испитаниците, а повеќе од две третини од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока,

  • „Во корупцијата има голема разлика многу луѓе корумпирани со мали износи како што е ова со пасошите што се случува, ако платиш малце повеќе може ќе го решиш проблемот и истото е и во здравство, во образваниe како најподложни за таа ситна корупција големи луѓе со мали“- Александар Кржаловски директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

И ова истражување покажува дека граѓаните немаат верба во судството. Целосна доверба во судството имаат само три отсто од граѓаните. дури 60% од испитаниците воопшто не веруваат дека „во Македонија законот важи за сите подеднакво“. Катастрофална доверба има и во институциите, а доколку тие не функционираат тука е Господ напомош, па граѓаните најмногу доверба имаат во верските институции.

  • „Имаме една перфектна совршена бура што се вели на разочарување коешто најчесто оди во многу непосакувани правци кога немате кредибилна политичка понуда да го артикулира тоа незадоволство и најчесто оди во радикални политички опции кои понатаму ги влошуваат работите и токму тоа очекувам во престојниот период или години да биде перспектива на македонската политичка сцена“- Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Резултатите покажуваат дека повеќе од половина од анкетираните не веруваат на ниту една политичка партија, а по верските институции,  на второ место е довербата во обреазовните институции  па во јавното здравство.

Анкетата ја изработи агенцијата М Проспект во периодот од деветти до 21-ви јануари 2024 година на репрезентативен примерок од 1000 граѓани, со маригна на грешка 3,1 % и со ниво на доверба од 95%.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе