Од синдикатот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) за Телма изјавија дека се чека да заврши состанокот на Управниот одбор (УО) кој во моментов е во тек и на кој ќе се потврди одлуката на владата за платите во фондот да останат исти. Потоа, во текот на денот, ќе биде и официјално потврдено дека штрајкот се става во мирување и сите подрачни единици ќе продолжат со работа со нормалниот обем на задачи и со сите вработени.
Платите на вработените во Фондот за здравство ќе останат исти до 31 мај оваа година, пред да се прави нов ребаланс на буџетот. Информацијата ја потврди директорот на фондот, Асаф Абдурамани.
Вработените во Фондот за здравство штрајкуваа два дена со барање да не се намалуваат нивните плати за 21 процент. Овие два дена на шалтерите на фондот, работеше по еден вработен и примаше документи само за итни случаи.