Вести Македонија Топ вести

Штрајкот на ФЗОМ продолжува, граѓаните мака мачат пред подрачните единици

Граѓаните со сериозни пречки и проблеми на вториот ден од штрајкот на Фондот за здравствено осигурување. Не можат да ги обезбедат документите и потврдите неопходни за хируршки зафати, лекување, ин витро, медицински помагала.  Вработените во ФЗОМ бараат Владата да ја повлече одлуката за намалување на платите за 21 отсто и да им се исплати јануарската плата. Решение засега на повидок нема.

Десетици граѓани денеска не може да ги добијат услугите на Фондот за здравство во подрачната единица во Скопје поради штрајкот кој почна вчера а кој е поради препораката на Владата да им се намалат платите на вработените за 21 отсто.

Осигурување, потпис, печат, електронска потврда во системот за да може да се спроведе операција или крупен медицински зафат и процедура. Ова се само дел од услугите кои денеска не им беа испорачани на осигурениците.

На шалтерите во подрачните единици имаше само еден вработен како што беше најавено.

Вработените во Фондот сеуште чекаат на исплата на јануарската плата. Дали таа ќе иста како и декемвриската или пак намалена како што предложи Владата зависи од Управниот одбор во Фондот. Она што е јасно е дека платата законски мора да биде исплатена до 15 овој месец бидејќи во спротив државата ќе се соочи со тужба а доколку Управниот одбор не донесе никаква одлука тогаш важи таа што е на сила односно ќе биде исплатена платата во износ како и декемвриската.

Раководителите на подрачните единици вчера ги поддржаа вработените а денеска тоа го стори и министерот за здравство Фатмир Меџити

Од Синдикатот во ФЗОМ се децидни дека пари во Буџет за исплата на плати има и дека е груба манипулација соопштението на министерството за финансии дека поради повисоки плати граѓаните може да се соочат со проблеми при набавка на лекови. Тие со официјално писмо побараа од техничкиот премиер Талат Џафери на дневниот ред на седница на Владата да постави точка околу нивните барања и да ја повлечат препораката за намалување на платите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе