Вести Македонија Топ вести

Предлог законот за рестриктивни мерки повторно на владина седница- Мадиќ се уште не го видела новиот предлог на МНР

Предлог законот за рестриктивни мерки  денеска повторно е на владина седница. Овој пат пред техничката влада која го повлече од Собраниска процедура.

Заменик министерката за правда Викторија Мадиќ во разговор за Телма пред почетокот на седницата рече дека се уште не го видела новиот предлог на МНР и не може од напред да каже дали повторно ќе имаат заебелешки.

Министерството за правда навело низа забелешки за првиот предлог кој се разгледување на влада на 16 јануари. Донесувањето рестриктивни мерки со одлука на Владата врз основа на сомневање, не е во согласност со Уставот и со системот на казненото право воопшто оцениле во правда . Согласно предлог-законот, ќе може врз основа на основи за сомневање, да се воведат рестриктивни мерки, меѓу кои и замрзнување на имотот на определено правно или физичко лице, без спроведување постапка и со одлука на Владата. Според правда судот е тој што суди врз основа на Уставот, законите и на меѓународните договори ратификувани, а Владата е дел од извршната власт, што остава сомнеж за злоупотреба на рестриктивните мерки за политички цели.

Министерството за правда предупредило дека вака предложените измени ако поминат во Собрание би предизвикале проблем околу  правото на правично судење гарантирано во Европската конвенција за човекови права и државата може да се соочи со апликации пред Судот во Стразбур. Особено проблематичен ќе биде фактот дека за воведувањето вакви рестриктивни мерки нема да постои правосилна судска одлука“,

Законот е предлага со цел  црните листи на  САД но и правните акти на Обединтеотто кралсто да се додадат како основ за воведување на рестриктивни мерки но правните експерти забележааа повеќе недоследности. Претставници од владата изминатиот период одговараа дека целта на законот не е да се меша извршната власт врз усдскста туку преку закон да се забрзааат постапките со така што ке се обврзе обивнителството да постпаува во пократки рокови.

На веб страната на собението може да се најде документот со кој владата го известила собранието дека останува на предложениете закони доставени од претходниот состав  што се во собраниска процедура. Предлогот за рестриктивни мерки беше испратен во Собрание и подоцна повлечен.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе